„Технолошкиот милијардер Илон Маск претставува опасност за демократијата во Европа поради неговата наклонетост кон екстремната десница“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.
– Маск ја поддржува екстремната десница насекаде во Европа, во Велика Британија, во Германија, во многу, многу други земји и тоа е нешто што е целосно неприфатливо – додаде Шолц на прес-конференција во Берлин.
– Тоа го загрозува демократскиот развој на Европа, ја загрозува нашата заедница и мора да биде критикувано – рече германскиот лидер.
Маск ја даде својата поддршка на десничарските фигури и иницијативи ширум светот, вклучително и поддршката на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (AfD) на претстојните предвремени сојузни избори во земјата, закажани за 23 февруари.
Могулот на социјалните мрежи е исто така еден од најверните поддржувачи на Доналд Трамп, што му донесе место во потесното опкружување на новоизбраниот претседател на САД, а ја поддржа и десничарската партија Reform UK во Велика Британија, со шпекулации дека наскоро може да почне да ја финансира партијата.
Шолц рече дека нема ништо против правото на Маск на слободен говор.
– Неприфатливо е неговото усогласување со екстремната десница, било поради бизнис интереси или поради сопствени политички ставови.
Коментарите на социјалистичката канцеларка се најнови во серијата судири со Маск, кој пак го нарече Шолц „будала“ и тврдеше дека ќе ги „изгуби“ германските сојузни избори.