Маск дрско го навреди Премиерот Трудо: Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека „нема ниту теоретски шанси“ Канада да стане 51-та американска држава. Набрзо доби одговор од американскиот мултимилијардер Илон Маск.

„Нема ниту теоретски шанси Канада да стане дел од Соединетите Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, рече Трудо преку Х.

„Девојко, ти повеќе не си гувернер на Канада, па не е важно што ќе кажеш“, одговори Маск.

Трудо најави дека ќе поднесе оставка

Трудо претходно оваа недела најави дека ќе поднесе оставка од премиерската функција. Тој објасни дека ќе биде Премиер додека не се избере нов лидер на Либералната партија, датум кој партијата допрва треба да го одреди. Тој побара собранието да се одложи за 24 март за да и’ се даде време на партијата да најде нов лидер.

Инаку, за можноста Канада да стане дел од САД почна да се зборува откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја претстави идејата за „51. земја“ на вечера со канадскиот премиер Џастин Трудо на крајот ноември.

За време на таа средба, новоизбраниот американски претседател се пошегува дека ако Канада не може да ги преживее царините од 25 проценти, може да стане 51-та американска држава. Оттогаш, тој постојано го опишува шефот на владата на Канада како гувернер во објавите на социјалните мрежи, што во САД значи шеф на федералната извршна власт.