Маск: Никој не се залага за војна во Украина како Викторија Нуланд

Илон Маск, американскиот милијардер и основач на компанијата „Тесла“, ја обвини Викторија Нуланд, заменик државен секретар на САД, дека е одговорна за ескалацијата и продолжувањето на војната во Украина.

„Никој не ја турка оваа војна посилно од Нуланд“, напиша извршниот директор на Твитер, кој претходно предупреди дека може да избие нуклеарна војна доколку Украина не се откаже од своите претензии кон Крим и двете страни се согласат на мировни преговори.

Викторија Нуланд, која беше силно вклучена во настаните на Мајдан кога беше соборена владата во Киев во 2014 година, ги поддржа воените удари на територијата на Крим.

Нејзината изјава минатиот четврток, дека руските воени бази на Крим се легитимни цели за украинските сили, Кремљ ја оцени како доказ за „вмешаноста на САД во конфликтот во Украина“.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев предупреди дека Москва ќе одговори на ваквите напади „користејќи оружје од секаков вид“.