Американскиот милијардер Илон Маск денеска одговори на поканата од Хамас да го посети Појасот Газа, велејќи дека во моментов е опасно да се биде во областа.
– Се чини малку опасно да се биде таму во моментов, но верувам дека на долг рок просперитетна Газа е добра за сите страни – напиша Маск на социјалната мрежа Х.
Висок функционер на палестинската милитантна група Осама Хамдан претходно го покани сопственикот на компанијата „Тесла“ и на социјалната мрежа Икс да ја посетат Газа, за да ги увидат последиците од израелското бомбардирање.
– Го покануваме да ја посети Газа за да го види степенот на масакрот и уништувањето извршено врз народот во Газа – рече Хамдан на прес-конференција.
Оваа недела Маск ги посети локациите во Израел каде Хамас ги изврши нападите на 7 октомври и изјави дека ќе стори се што е потребно за да се запре ширењето на омраза.