Да заклучам . има ли навистина место каде што ќе се бори?“, рече Маск.
Извршниот директор на Тесла и сопственик на социјалната мрежа Икс (Твитер), Илон Маск, го сумираше досега кажаното на тема најавената борба со Марк Цукерберг и заклучи со иронично прашање до основачот на Фејсбук – дали има навистина место каде што ќе се бори?
„Повторување на борбата: Се шегував на Твитер за тепачката со Зак. Тој потоа одговори велејќи: „испрати ми ја локацијата“. Италија љубезно го понуди Колосеумот (да се одржи борбата). Зак одби. Потоа ја предложив неговата куќа како „безбеден простор“. Трагично, се чинеше дека… „патува“, напиша Маск на платформата Икс (Твитер).
Да заклучам со ова прашање, има ли навистина место каде што ќе се бори?“, рече Маск.
Во претходните денови Цукерберг на платформата Threads објави дека се повлекува од борбата, бидејќи, како што вели, не верувал дека Маск е сериозен во врска со тоа .
„Му понудив вистински состанок. Дејна Вајт (шефот на УФЦ) се понуди да ја направи легитимна хуманитарната борба. Илон нема да го потврди датумот, потоа вели дека му треба операција, а сега бара да вежба во мојот двор“. изјави Цукерберг.
Тој додаде дека „ако Елон некогаш сериозно се зафати со вистински настап и официјален настан“, знае како да го најде, инаку, време е да продолжи понатаму.
„Ќе се фокусирам на натпреварување со луѓе кои сериозно го сфаќаат спортот“, рече Закерберг.