Елон Маск и честиташе на Тејлор Свифт откако Тајм ја прогласи за личност на годината . Но, тој имаше и мало предупредување за пејачката.
“Честитки. Но постои ризик да ви падне популарноста по оваа награда. Зборувам од искуство”, напишал Илон.
Business Today пишува дека Маск, откако беше прогласен за личност на годината во 2021 година, а една година подоцна го купи Твитер за 44 милијарди долари, набрзо стана „непопуларна личност“.
Потсетуваме дека најголемата поп ѕвезда во светот е прогласена за личност на 2023 година. “Ова е најгордиот и најсреќниот момент во мојот живот. И ова е најкреативната, најисполнетата и најслободната фаза во мојот живот”, изјави Тејлор по објавувањето дека е личност на годината.
Свифт ја победи конкуренцијата од широк спектар на финалисти, вклучително и Барби, поранешните обвинувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп и неодамна крунисаниот британски крал Чарлс Трети.