Маск се појави со модро око: Момчето ме удри со тупаница

Извршниот директор на „Тесла“ се појави со видлива модринка околу едното око на својата проштална прес-конференција.

И тој откри дека неговиот петгодишен син Х е одговорен за модринката, пишува skynews .

„Му реков да ме удри во лице и тој го направи тоа“, рече Маск.

„Се испостави дека петгодишно дете всушност може да удира. Не почуствував ништо во тој момент.“

Во меѓувреме, милијардерот изгледаше заинтересиран да ја покаже својата љубов кон Одделот за владина ефикасност на настанот.

Не само што стави бејзбол капа на DOGE, туку носеше и маица на која пишуваше „The Dogefather“.