Масовна тепачка во УФЦ каква што не сте виделе досега: Навивач брутално „патосираше“ двајца од толпата, другите се вклучија, настана хаос

Оваа сабота се одржа „UFC Fight Night“ во CDMX Арената во Мексико Сити, а покрај одличните борби, желбата за борба се пресели и кај публиката. 

Имено, во еден момент еден навивач се онесвестил во гледалиштето откако добил силен удар од друг навивач по тепачка. Потоа, акцијата се прошири и сите останати се приклучија, а потоа започна масовна тепачка.

Снимката од инцидентот покажува повеќе групи кои се тепаат една со друга. Исто така, на видеото се гледа како навивачот кој го започна сето тоа „патосираше“ уште еден од присутните.

Истиот навивач кој го изведе ударот, само неколку секунди пред тоа собори уште еден во несвест со удар со левата рака.