МАСОВНО ТРУЕЊЕ !? Мистериозни смртни случаи за помалку од еден месец ја потресоа Русија: Починаа тројца “омилени“ новинари на Владимир Путин, а сè е обвиткано во мистерија

Зоја Коновалова (48 г.), водителка и главен уредник на државната телевизија Kuban, еден од националните телевизиски канали на претседателот на Русија, Владимир Путин, беше пронајдена мртва во петокот во Краснодар. Таа била пронајдена во домот заедно со телото на нејзиниот поранешен сопруг (52 г.), а на нивните тела не биле пронајдени видливи повреди, јави руската државна медиумска агенција РИА Новости.

Тоа е последната во серијата мистериозни смртни случаи во кои се вклучени истакнати руски личности откако силите на Владимир Путин ја нападнаа Украина во февруари 2022 година, а според РИА Новоси, наводната причина за смртта е труење.

Повеќе детали ќе бидат познати по истрагата, но она што загрижува е дека веста доаѓа откако уште еден руски новинар, Александар Рибин, беше пронајден мртов рано денеска во Ростов-на-Дон. Причината за неговата смрт сè уште не е позната, а да додадеме дека минатиот месец Ана Царева, 35-годишна заменик-главен уредник на „Комсомолскаја Правда“, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Москва. Според Newsweek, таа неколку дена пред смртта имала пневмонија и треска, но според нејзините колеги, таа не се пожалила на своето здравје.

Никогаш не се пожали на своето здравје. Неодамна се извини што не може да оди на работа бидејќи кашла и имала температура која наеднаш скокнала на 39, но дека наскоро сè ќе се подобри. Три дена подоцна повторно добила температура, а таа почина на 10. декември, откако кажа дека ќе спие“, изјавиле нејзините колеги, пренесуваат руските медиуми.

медиумиРусијасмрт