Хрватската пејачка Маја Шупут имаше исклучително успешна 2022 година, бидејќи двете компании што ги поседува и донесоа огромен милионски профит.
Нејзините две компании остварија вкупен промет од 760,000 евра. Маја Шупут Татаринов е сопственик и директор на компанијата „Морска дива“.
Вкупниот приход на нејзината компанија во 2022 година изнесувал 518.312 евра, а деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра , односно нешто повеќе од 28 милиони динари, пренесува „Индекс.хр“.
Компанијата „Морска дива“ има еден вработен, а Маја својата музичка кариера ја води преку таа компанија.
Нејзината друга компанија „Мајушка“, која се занимава со продажба на нејзината козметичка линија, во која е косопственик со сопругот Ненад Татаринов , минатата година имала промет од неколку милиони евра (околу 275.000 евра), а компанијата направила добивка од 30 илјади евра.