Девојчето Данка Илиќ (2) исчезна пред нешто повеќе од два месеци.
Полициската истрага покажала дека таа е убиена, но сè уште се трага по нејзините останки.
Се сомневаат дека малата Данка ја убиле Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, работници на „Водовод“ во Бор.
Таткото на Дејан Драгијевиќ, осомничен дека му помогнал на синот да го скрие телото на девојчето, денеска е пуштен од притвор.
Српскиот порталот „Србија данас“ во оваа прилика ја посети мајката на убиената Данка Илиќ, Ивана. Таа не сакаше да ја коментира оваа вест.
– Сум слушнал различни приказни, дека е виновен и дека не е, а немам информации од полиција – рекла мајката.
Таа додава дека е шокирана и разочарана од приказните на Борчани кои „шират лаги дека заминала во Германија“.
– Не отидов никаде, тука сум. Луѓето ми се јавуваа во два часот по полноќ и ме малтретираа и ми се закануваа, морав неколку пати да го сменам бројот – вели мајката на убиената Данка Илиќ.
Потсетуваме, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанквиќ најпрвин на 26 март, кога биле мртви пијани со својот автомобил, удриле во малата Данка кога таа излегла од видео кругот на нејзината мајка во село Бањско поле, а потоа го ставиле повреденото дете во багажникот. Малата кога се разбудила ја задавиле и ја фрлиле во депонија. Но, телото на детето сè уште не е пронајдено, бидејќи наводно браќата Драгијевиќ не се сеќаваат каде го оставиле.