Старлетата Станија Добројевиќ на сите им е добро позната, а од кого ја наследила убавината стана јасно кога фановите видоа како изгледа нејзината мајка.
Дека крвта не е вода покажува и фактот дека мајката Славица стана вистинска сензација откако отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм, а многумина се шокираа кога видоа како изгледа мајката на Станија, Славица, на 59 години.
На нејзиниот профил на споменатата социјална мрежа најчесто има фотографии со ќерката и синот, но и неколку фотографии на кои таа покажува како ужива.
Мајката на Станија може да се пофали со извајано тело и одлична фигура, а тоа го докажа кога објави фотографии во костим за капење и го покажа своето убаво тело.
Станија Добројевиќ последните неколку месеци ги помина уживајќи во патувањата низ Србија и светот, а друштво и’ правеа членовите на семејството со кои е многу блиска.