Боба Миливојев е мајка која на 6 јули годинава го загуби своето дете Ноа. Со денови чекаше таа да се појави на нејзината врата со нејзината препознатлива насмевка. Наместо топла прегратка и најголема радост, оваа куќа во Ковиље е обвиена во црно.
Полицијата пронашла делови од телото на Ноа Миливојев во стан во Белград. Таа имаше само 18 години. Осомничен за нејзината смрт е Огњен Д., кому му е одредена мерка притвор до 30 дена.
Делото го признал во полиција, но не и во обвинителството.
Родителите на Ноа Миливојев вчера дадоа изјава во Вишото јавно обвинителство во Белград. После тоа проговори и нејзината мајка Боба. Таа даде исказ пред обвинителот, а како што рече, доколку може да го види осомничениот Огњен, ќе му постави само две прашања кои гласат:
,,Зошто го уби моето дете и го остави нашето семејство во болка до крајот на нашиот живот? Дали имаше срце да ја убиеш, знаејќи колку те сака?”
Боба Миливојев, како што вели и самата, сака убиецот на нејзиното дете да биде осуден на смрт.
– За жал кај нас не постои, па сакам да го доживее најболното и најлошото во животот и да трпи болка додека е жив во најлошите маки. Монструм, Господ да те казни – рече Боба Миливојев.
Неутешната мајка тврди дека ниту во најлудите соништа не можела да замисли дека некој на таков суров начин ќе му пресуди на прекрасно дете, кое било одличен ученик, кое било сакано од сите и кое никогаш никому не направило ништо лошо.
– Ноа нè сакаше многу, а ние ќе ја сакаме засекогаш. Можам само да кажам дека Господ никому да не му подари ваква трагедија и болката каква што чувствуваат нејзината сестра, брат, родителите и семејството – вели Боба и додава дека сè уште не знае повеќе детали за нејзината смрт.
ИСТРАГА
За сторено кривично дело тешко убиство кое е казниво со доживотен затвор се товари Огње Д.
– Според наредбата на истрагата, се сомнева дека во неутврден ден, во периодот од 17 јуни до 6 јули, во станот каде што наводно живее во центарот на Белград, свирепо ја убил жртвата Ноа Миливојев на подмолен начин. Тоа го направил така што, како што се сомневаат, кога Ноа, со која бил во врска, дошла во неговиот стан, осомничениот влегол во вербален и физички конфликт со неа, а најверојатно ја задавил, и со нож и’ го пресекол телото на повеќе делови – велат од Обвинителството.
Потоа ги ставил деловите од телото во поголема ПВЦ кутија, помало ПВЦ буре, помал балон за вода и ПВЦ кофа во која потоа истурил непозната хемикалија за хемиски да ги разложи сите делови од телото на шокојната, т.е. нејзиното ткиво и коски и на тој начин полесно се ослободил од телото и ги сокрил сите траги.
Во текот на рочиштето тој се бранеше со молчење.