Мајката на убиеното момче во училиштето во Белград ги расплака судијата и сите во салата: „Го подготвував за погреб како да го испраќав на екскурзија, тоа е лудило“

На неа, како што изјавила, тешко и паднала ладнокрвниста на осомничениот Коста К. и неговите родители.

Во Вишиот суд во Белград сведочеа родителите на убиеното момче А.Ч. (13) кое било во исто одделение со Коста К., кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ при што уби осум ученици и еден обезбедувач. Како што пишува Курир , сведочењето било многу трогателно, а судијата и останатите присутни во судницата се расплакале.

Сузана Станковиќ Чикиќ, мајката на убиеното момче, детално го опиша нивниот живот пред крвавиот 3 мај, но и по големата загуба. – Беше наше единствено дете, кога се роди донесе голема радост во нашиот дом.

Како што изјавила на судењето, на 3 мај заедно оделе на училиште – таа, нејзиниот сопруг и синот. Андрија го оставиле пред училиштето, а таа со сопругот тргнала на работа, а штом зачекорила во лекарската ординација каде што работи, и се јавил сопругот и ја прашал: „Дали виде што се случи во „Рибникар“ имаше некакво пукање…“

Кога јас и мојот сопруг влеговме во таксито што не однесе во болницата во Тиршова, за да видиме дали е нашето дете таму, што се случи со него, не повикаа родителите на едно од убиените девојчиња, кои ни рекоа: Ги загубивме ќерките, дојдете во полициска станица Врачар“. Знаете, тогаш сте во состојба на шок, се тресете, а потоа ги слушате вестите на радио. Го молам таксистот да ја зголеми брзината, а веста гласеше: „Во основното училиште „Владислав Рибникар“ загинаа осум деца и еден чувар и, знаете, светот застана – рече таа и додаде:

-Полицијата ни кажа дека детето ни е убиено, но знаете како е…се уште се надевате дека е живо, бидејќи немате потврда, не сте го виделе мртво. Знаете, ние му купуваме работи, неговите омилените патики, а јас му ги подготвувам овие работи, ги пеглам… да го закопам, и исто како да го подготвувам за екскурзија. Тоа е состојба на лудило.

Како што изјавила, ладнокрвноста на осомничениот и неговите родители тешко и паднале.