МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ НА ДАНКА ИЛИЌ ПРЕД СМРТТА ГИ КАЖА САМО ОВИЕ 2 ЗБОРА! Влегла во дворот на соседите и колабирала: Не разговарала со нив 40 години

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ (2) во Бањско поле кај Бор, почина во дворот на нејзините соседи.

Како што рекле соседите, Светлана влегла во нивниот двор и наеднаш паднала.

-Таа само рече: „Дај ми вода, не се чувствувам добро“ и само паднала и починала – велат соседите.

Како што изјавија претходно, Светлана пред неколку дена се пожалила дека не се чувствува добро.

– Со нив не сме разговарале 40 години иако живеат блиску. Што направиле мажите ОД таа куќа и која е вистината, не знаеме. Во секој случај, се што се случи е страшно – вели еден сосед.

Светлана завчера проговори за медиумите каде и самата истакна дека е болна и беспомошна.

Да потсетиме, за убиството на Данка Илиќ беа уапсени нејзиниот син Дејан Драгијевиќ и неговиот колега Срѓан Јанковиќ. Драгијевиќ го признал делото. Тој со помош на неговиот брат Далибор и таткото Радослав го префрлил телото на детето на друга локација, која не сака да ја открие, поради што телото на девојчето се уште не е пронајдено.

Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ денеска беа вратени од Белград откако заврши психијатриското вештачење во Специјалната затворска болница.

Братот на Драгијевиќ, Далибор, почина на 7 април во Полициската станица Бор по неговото апсење, додека нивниот татко Радослав се уште е во продолжен притвор.

Данка Илиќ исчезна на 26 март. Истрагата покажа дека таа е убиена, а оваа информација беше објавена на 4 април.