Мајка го оставила своето бебе во количка среде Скопје: Полицијата ја фатила благодарение на еден детаљ

Мајката во Скопје го оставила бебето во количка и си заминала.

– На ден 19.12.2023 год. во 14 часот и 40 минути во СВР Скопје било пријавено дека во Карпош е пронајдена количка во која имало бебе. Исто така, телефонскиот контакт на мајката и лекарските извештаи биле оставени во количката.

По преземени мерки и дејствија, полициски службеници на СВР Скопје ја пронашле мајката на М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.