Хајди Клум и нејзината наследничка Лени прошетаа по црвениот тепих на Венецискиот филмски фестивал, облечени речиси идентично. Сепак, на модните критичари не им се допаѓа нивниот стил.
Поранешната супермоделка Хајди Клум (52) се појави на Филмскиот фестивал во Венеција со
својата ќерка Лени Клум (21) , што не беше изненадување за многумина, со оглед на тоа што тие често присуствуваат на големи настани заедно и се појавуваат во разни кампањи .
Сепак, тие привлекоа големо внимание, како што и обично прават, а овој пат дополнително ја разгореа имагинацијата во провокативни фустани од модната марка Intimissimi, со речиси идентичен крој .
Хајди се одлучи за беж фустан, додека Лени носеше црна креација. Горниот дел се состоеше од корсет кој беше делумно проѕирен, а долниот дел од здолниште со низок струк кое паѓаше лежерно и ја следеше линијата на телото, влечејќи се по земјата. Лени избра фустан со малку поедноставен крој и исечок на задниот дел, а нејзината мајка малку „повоздржана“ верзија. Двете носеа идентични сандали, во иста нијанса како фустанот.
Бројни критичари ги осудија модните избори на мајката и ќерката, велејќи дека изгледаат недовршени .
„На хартија, ова ги имаше сите елементи за сензуален, впечатлив момент, но во пракса се чувствуваше недовршено. Конструкцијата на фустанот слабо ја поддржуваше фигурата “, рекоа модните критичари.
Двете носеа накит и чевли од Лорин Шварц во иста нијанса како фустанот, а косата им беше спуштена, а очите беа истакнати со шминка.