Полицијата во Хонг Конг денес уапси жена осомничена за убиство на нејзините три ќерки, што е едно од ретките насилни злосторства во тој град во Кина.
Три девојчиња на возраст од две, четири и пет години веќе биле мртви кога полицијата пристигнала во нивниот стан, на повик на жена која им рекла дека сопругот ги убил, објавија странските медиуми.
Полицискиот надзорник Алан Чунг за тамошните медиуми изјавил дека парот бил разделен околу една година и верува дека жената е одговорна за убиствата.
Тој изјавил дека на телата на децата не биле пронајдени рани, а на местото на настанот не биле пронајдени остри предмети или дрога, туку била пронајдена крвава перница која најверојатно била употребена за задушување на децата.
Полицаецот додал дека полициската истрага покажала дека случајот е поврзан со семејно насилство.