Американката Ешли Самерс почина на 35-годишна возраст откако испила околу два литра вода за само 20 минути. Мајката на две деца поминала релаксирачки ден на езерото Фримен за време на слободниот викенд на почетокот на јули, но на последниот ден од краткиот одмор ѝ се слопило и имала главоболка.
Овие два симптоми се најчестите симптоми на дехидрација, а Ешли набрзо посегна по вода, но ништо не можело да ја задоволи нејзината жед. Испила четири шишиња вода од 500 милилитри за краток временски период, а набрзо следел фаталниот исход.
Кога оваа млада жена се вратила дома, паднала во својата гаража, претрпувајќи едем на мозокот – состојба опасна по живот. Во болницата и’ била дијагностицирана таканаречена хипонатремија, состојба која се развива како резултат на тоа што има вишок вода во телото и недостаток на натриум.
Оваа состојба може да се појави и кога некој ќе испие премногу вода за краток временски период, што ја надминува способноста на сложените органски системи, пред сè на бубрезите, да го регулираат балансот на течности во телото, пренесува „Дејли мејл“.
– Тоа беше огромен шок за сите нас. Само се прашувавме дали е воопшто возможно. Таа се чувствуваше многу жедно и испи многу вода. Кога стигнавме на пристаништето, не чекаше 20-минутно возење со брод. Испила четири шишиња вода во тие 20 минути – рекол Девон Милер, брат на Ешли.