Во Белград 4 бебиња починаа од голема кашлица. Кон крајот на 2023 година во главниот град на Србија беше прогласена епидемија на оваа болест, а меѓу најранливите се новороденчињата.
Експертите посочуваат дека вакцинацијата е единствено и најдобро решение за борба против оваа болест. Една мајка објави вознемирувачко видео на TikTok на кое се прикажани симптомите на голема кашлица кај нејзиното бебе. Таа напиша дека го направила тоа за да им помогне на другите да ги забележат симптомите.
„Видеото е страшно, но нема многу што да покаже колку е ова навистина сериозно, па затоа го објавив“, напишала мајката и објаснила колку им било тешко и на лекарите да ја препознаат, па мајката снимила видео од дете токму кога имало напад на кашлица, пренесува „Џумама“.
Најчестите симптоми на голема кашлица
тешки напади на кашлање,
црвенило на лицето,
отекување на очните капаци,
промени на кожата поради стрес (вени, црвенило, чешање),
отежнато дишење при вдишување,
повраќање од кашлање,
цијаноза (сина боја на кожата),
бледило,
ладна пот
исцрпеност,
недостаток на апетит,
Страв
Експертите апелираат децата со кашлица да се однесат навреме на лекар за да се откријат симптомите, да се исклучи големата кашлица и да се примени одредена терапија.