Легендарниот НБА кошаркар Мајкл Џордан стана сопственик на уникатна копија на италијанскиот спортски автомобил „ Pininfarina Battista Targamerica“, електричен хиперавтомобил со моќност од 1903 КС, чија вредност надминува 2 милиони евра.
Овој модел, кој е направен по специјална нарачка, неодамна му беше доставен на кошаркарската легенда, чие богатство, според проценките, изнесува 3,5 милијарди евра. Џордан е единствениот сопственик на овој автомобил, а за прв пат беше прикажан на јавноста во август на „Неделата на автомобили во Монтереј“, кога италијанскиот производител на автомобили објави дека возилото го купил „познат колекционер на автомобили“.
Сега е откриено дека Мајкл Џордан е тој колекционер. Она што го издвојува овој автомобил, покрај неговата импресивна моќ, се алуминиумскиот држач за пури и хумидор, кои се сместени помеѓу предните седишта – детал кој секако е прилагоден на добро познатото уживање во цигарите на Џордан.
Michael Jordan revealed as mystery buyer of custom-made $2m sports car designed for NBA legend only https://t.co/NH8vKar2WJ
— Mail Sport (@MailSport) October 5, 2024
Неговата нова „ Батиста Таргамерика“ го задржува електричен погонски систем со четири мотори, кои заедно развиваат 1903 КС и 2340 Nm вртежен момент, овозможувајќи му на овој автомобил да забрза до 100 km/h за само 1,86 секунди, додека максималната брзина достигнува 350 km/h.
Познато е дека Џордан има голема страст за луксузни спортски автомобили. Така, во 2023 година купил еден од ретките примероци на „Venom F5 Roadster“ за 3,5 милиони евра.
Новиот електричен хиперавтомобил на Џордан, за кој се верува дека вреди над 2 милиони евра , пристигна во неговата колекција на почетокот на октомври.