Мајкрософт инвестира повеќе од 30 милијарди во Велика Британија: Инвестиции во чипови за вештачка интелигенција и нова инфраструктура

„Мајкрософт“ планира да инвестира повеќе од 30 милијарди долари во следните четири години во својата деловна инфраструктура и инфраструктура за вештачка интелигенција во Велика Британија, соопшти производителот на софтвер.

Соопштението дојде во пресрет на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија.

„Мајкрософт“ планира да ги зголеми своите капитални расходи во Велика Британија за 15,5 милијарди долари и да донесе 23.000 најсовремени чипови за вештачка интелигенција во Велика Британија “, изјави претседателот на компанијата, Бред Смит, пред новинарите.

Тој додаде дека деловната клима во Велика Британија се подобрила во последните години, откако антимонополскиот регулатор се откажал од своето противење на аквизицијата на Activision Blizzard од страна на Microsoft во 2023 година, пишува Ројтерс.