Саудијците му понудиле на ПСЖ 300 милиони евра, Мбапе одбил
Фабрицио Романо, како и сите шпански медиуми пишуваат дека Ал Хилал испратил официјална понуда до ПСЖ за Килијан Мбапе. Тоа е најголемото обештетување во историјата на фудбалот од 300 милиони евра. ПСЖ сака да ја прифати понудата на Саудијците бидејќи сака да се ослободи од напаѓачот кој и онака одбива да потпише нов договор и следната година ќе замине во Реал како слободен играч. Исто така, Мбапе доколку остане во ПСЖ оваа сезона би добил дополнителни 80 милиони евра од клубот на име клаузула која му ја гарантира таа сума доколку остане до последната сезона од договорот во клубот. Но, Мбапе ја одби понудата. Тој ексклузивно сака да замине во Реал, ги договорил сите услови со Мадрид и сега единствено што чека е одлуката на ПСЖ дали ќе ги прифатат парите што ги нуди кралскиот клуб.