Имено, на загревањето пред мечот, Мбапе случајно со топка во лице удрил девојка на трибините. Нејзиниот нос раскрварел, а Французинот веднаш притрча да провери дали е се во ред. Потоа ја однел на лекарските служби, кои и помогнале да се запре крварењето.
Мбапе не заборави на оваа девојка ниту по натпреварот. Додека неговите соиграчи ја прославуваа титулата, тој и пријде, ја прегрна, кратко разговараше и и го подари дресот.