Килијан Мбапе ова лето како слободен играч се пресели од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид, но сепак ќе има една нога во Франција.Како што пишува Le Parisien, Мбапе стана мнозински сопственик на познатиот француски клуб Каен, поранешен прволигаш кој денес се натпреварува во втората лига.
Kylian Mbappé va devenir actionnaire majoritaire du Stade Malherbe de Caen, via la structure familiale qui gère ses affaires, à la place du fonds d’investissement américain Oaktree. https://t.co/MMEn3cz4cd pic.twitter.com/p02dgjpOUY
— L’ÉQUIPE (@lequipe) July 29, 2024
Мбапе плати нешто помалку од 20 милиони евра за купување на мнозинскиот удел во сопственост на Каен, а малцински сопственик ќе остане Пјер-Антин Каптон, чии права вредат 5 милиони евра.
Она што е особено интересно е приказната дека Мбапе како момче требало да стане член на Каен, откако клубот го видел неговиот потенцијал да стане голема ѕвезда.
Семејството гледаше на тоа како здрава и заштитена средина за Килијан, но договорот пропадна кога Каен испадна од Лига 1 во сезоната 2011/12, кога Мбапе имаше 13 години.
Со овој деловен потфат Мбапе стана најмладиот сопственик на фудбалски клуб во Европа, откако таа „титула“ претходно ја имаше Кирил Луис-Драјфус, сопственик на англиски Сандерленд, кој има 27 години.
Потсетуваме, Мбапе моментално се подготвува за новата сезона со Реал Мадрид, а во дресот на кралскиот клуб ќе дебитира на 14 август во Суперкупот на Европа против Аталанта во Варшава.