Министерството за внатрешни работи на Македонија ја информира јавноста дека на неколку граѓани и правни лица им биле испратени лажни покани од сторители кои лажно се претставуваат во име на Министерството за внатрешни работи и на ЕВРОПОЛ во врска со наводна истрага која е во тек.
„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви измами и Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе ги презема неопходните мерки и активности за законско санкционирање на сторителите.
„Секторот за компјутерски криминал апелира до граѓаните и правните субјекти да не отвораат документи прикачени на пораки кои не доаѓаат од проверени и познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од овој тип, а правните лица да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален злонамерен софтвер, согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност“, велат од македонското Министерство за внатрешни работи.