МВР засилено работи во пронаоѓање на причинителите на пожари и веќе се на добар пат да откријат неколку предизвикувачи. Ова синоќа го истакна првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов во обраќање од источна Македонија каде што во моментов има најголем дел од вкупниот број на пожари во земјава.
Тој информира дека рано утрово ќе се направи обид за гаснење на пожарот во Пехчево со домашните летала.
-Состојбата е крајно несериозна. Имаше повеќе од 50 пожари што досега е најголем број на дневна основа. Секој ден се појавуваат нови. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни во нивното однесување, а земјоделците и сточарите да не палат стрништа и пасишта, рече меѓу другото Ангелов.