МВР: Патот Прилеп – Крушево да не се користи за сообраќај на 1 и 2 август

Министерството за внатрешни работи, по повод одбележувањето на државниот празник 2 Август, кој традиционално се одбележува во Крушево, ги известува граѓаните дека поради изведување градежни работи за рехабилитација на регионалниот пат Р-1306, делницата: Прилеп – Крушево е затворен за сообраќај во делот од село Коњар до село Кривогаштани.

За пристигнување на настанот во Крушево на 01 и 02.08.2024 година, користете ги следните патни правци: Прилеп – Битола – преку регионалниот пат Р1305 до Демир Хисар во правец кон Крушево и Кичово на регионалниот пат Р1305 до клучка Сладуеве (Демир Хисар) по регионалниот пат Р1306 кон Крушево.