МВР со детали за вчерашната акција: Уапсени 11 лица, по уште еден се трага

Министерството за внатрешни работи излезе со детали за вчерашната акција во која беа уапсени повеќе лица поради злоупотреба при транспорт на мазут.

Од МВР соопштуваат дека се извршени рации на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, при што се приведени 11 лица, а по едно се трага.

„Од досегашните проверки пронајдени и одземени се документација, пет мобилни телефони, околу 1.500 парчиња муниција од различен калибар, два пиштоли и три патнички возила. Министерството за внатрешни работи при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал поднесе кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од кривично дело“ против 13 физички лица и едно правно лице, и тоа: В.К.(55) од Битола, А.М Скопје, М.Н.(60) од Скопје, Б.М.(51) од Скопје, Р.Р.(48) од општина Желино, Д.С.Ј.(43) од Куманово, Д.С.(66) од Скопје, Д.С.(43) од Велес, Р.К.(38) од Скопје, Е.С.(43) од Кичево и А.Ј.(40) од Скопје.

„Министерството за внатрешни работи, по насоки на надлежниот јавен обвинител, ќе продолжи да презема понатамошни полициски активности и дејствија за обезбедување на други докази поврзани со други казнени дела“, велат од МВР