Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на контролите во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје изрече вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 81, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Како што информира МВР, меѓудругите, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, и четири мерки за некористење сигурносен појас.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемена безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.