МЕГАН И ХАРИ ГИ ПОВИКАЛЕ КЕЈТ И ВИЛИЈАМ! Неочекуван пресврт во кралското семејство по шокантната објава, помирување на повидок!

Јавноста се шири за шокантната објава на Кејт Мидлтон и нејзината тешка борба против злобната болест

Иако односите меѓу Хари и Меган и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа затегнати по нивното заминување од Британија, сега се чини дека може да дојде до пресврт, откако идната кралица му откри на светот дека се бори со ракот.

Според локалните медиуми, Хари и Меган приватно ги контактирале Кејт и Вилијам, но не се знае дали се работи за редовен или видео повик, пишува „Дејлимејл“.

Се уште не е познато дали принцот Хари и Меган ќе дојдат во Велика Британија да ја посетат Кејт.

Да потсетиме, Меган и Хари синоќа испратија порака дека им посакуваат на Кејт Мидлтон и нејзиното семејство брзо закрепнување и опоравување, а видео пораката во која Кејт и соопштува на јавноста дека се бори против опасна болест го обиколи светот.