Меган Маркл носеше облека и накит во вредност од повеќе од 100.000 фунти

Сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл, носеше облека и накит во вредност од повеќе од 100.000 фунти (120.500 евра) на филмските премиери и натпреварите поло во 2024 година.

Во текот на минатата година, Меган Маркл имаше вкупно 56 јавни настапи ширум светот, објави Дејли Меил.

На секое од овие појавувања – од „квази-кралски турнеи“ и приватни ручеци, до гала вечери и поло натпревари – војвотката од Сасекс се појавуваше во низа комбинации – облечена во стари и сосема нови парчиња гардероба.

Оваа година, Меган (43) носеше облека и накит во вредност од неверојатни 102.989 фунти – што претставува зголемување од речиси 20.000 фунти во 2023 година.

Меѓутоа, бидејќи парот стана финансиски независен, не се знае кој ја плаќа сметката за облеката на Меган – дали таа ја плаќа целата цена или добива попусти од дизајнерите.

Оваа година, Меган Маркл дебитираше два нови дијамантски ѓердани од Логан Холовел – вредни над 35.000 фунти – како и нови парчиња облека од колумбиската дизајнерка Јохана Ортиз.

Во меѓувреме, таа постојано ја носеше нараквицата со лав од Картие, како и рачниот часовник Картие на принцезата Дијана, оддавајќи почит на покојната принцеза од Велс со нејзиниот избор на фустан.