Откако многумина се запрашаа каде е Меган Маркл, која извесно време не беше видена во јавноста, војвотката сега е фотографирана на состанок, а фотографиите се појавија на социјалните мрежи.
41-годишната Меган не се појавуваше во јавност откако беше прикажан документарен филм за нејзиниот живот и беа објавени мемоарите на нејзиниот сопруг принцот Хари, па многумина се прашуваа каде е и што се случува со неа.
Неодамна беше објавено дека таа била длабоко вознемирена и повредена од начинот на кој таа и Хари биле прикажани во новата епизода од популарната анимирана серија „South Park“.
Епизодата, насловена „Светска турнеја за приватност“, ги исмева поплаките и барањата на парот за приватност, при што Меган е опишана како „девојка, актерка, инфлуенсер и жртва“. Извор близок до парот тврди дека Меган била многу вознемирена поради тоа, но и дека одбива да ја гледа спорната епизода и дека поради тоа би можела да ангажира адвокати.
Но, на најновите фотографии Меган не изгледа вознемирена, има насмевка на лицето додека разговара со непозната жена, а се направени при нејзината посета на фабриката за кафе, а нејзините обожаватели пишуваат дека е убава.
„Едноставно не можам да престанам да ја гледам оваа убава жена“, „Таа е убава и софистицирана“, се дел од коментарите.
Во меѓувреме, во Велика Британија одекна веста дека кралот Чарлс одлучил да ги истера Хари и Меган од Колибата Фрогмор, која беше нивниот британски дом, и дека вујкото на Хари, принцот Ендру, се вселува, што го означува крајот на нивната ера.