Меган Маркл беше, како што некои би рекле, „слика за себе“ кога се појави на хуманитарен поло натпревар со сопругот принцот Хари.
Војвотката од Сасекс (42) можеби не е принцеза, но изгледаше како таква кога се појави на поло натпревар со принцот Хари.
Таа излезе во неверојатен бел фустан од 812 долари, дизајниран од Хајди Мерик, кој е чист одраз на калифорнискиот дух.
Неверојатните штикли и чантата во иста нијанса одлично се совпаѓаа со стилот на Меган Маркл, која носеше и гламурозни очила достојни за актерска дива, пренесува Телеграф.
Што се однесува до накитот, таа носеше антички обетки и часовник кој и припаѓаше на покојната принцеза Дијана, кој никогаш не го симнува од рака.
Обожавателите забележаа дека таа носи и златни алки кои принцот Хари и ги подари за Денот на вљубените.
Насмеана и среќна, Меган разговараше со Серена Вилијамс, која и правеше друштво за време на натпреварот додека Хари играше.
На крајот од натпреварот, Меган му го подари пехарот на Хари бакнувајќи го директно во уста.
Британија е бесна поради заминувањето или невраќањето на кралското семејство, но никој не може да негира дека изгледаат среќно, задоволно и заљубено.