Меган Фокс се соблече поради секси жешки сцени! Мажите паднаа кога таа ги покажа бујните гради!

Меган Фокс повторно предизвикува возбуда во Холивуд! Во новиот филм „Subservience“ актерката се соблече поради жешките сцени, оставајќи ја публиката без здив.

Холивудската ѕвезда Меган Фокс  повторно е во центарот на вниманието, овој пат благодарение на новиот научно-фантастичен трилер „Subservience“ во кој таа глуми заводлива робот-асистент по име Алис.

Во една од клучните сцени, 38-годишната  актерка се појавува во црна долна облека, додека во секси сцените со колешката Микеле Мороне ја демонстрира својата импресивна фигура.

Микаел го толкува ликот на Ник, татко кој се соочува со семејни проблеми и решава да купи робот кој ќе му помага низ куќата додека неговата сопруга е болна. Меѓутоа, приказната наскоро добива неочекуван пресврт кога Алис станува опасна и тргнува да ги реализира своите зли намери.

Меган покажа што има

Нејзиното секси тело никого не остави рамнодушен, а успехот на овој филм многумина го предвидуваа само поради неа бидејќи долго време е миленичка и фантазија на многу мажи. 

Кога се соблече само до долната облека и горниот дел, времето застана. Јасно видливите стомачни мускули се знак дека актерката сепак добро се грижи за себе и тренира. Сепак, нејзиното лице изгледа замрзнато, каде поради различните естетски операции наликува на старлетата Ким Кардашијан. 

Инаку, Микаел Мороне, кој е познат по улогата во хитот на Нетфликс „365 дена“, го привлече вниманието на јавноста и поради врската со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан, додека Меган Фокс, од друга страна, останува миленичка во Холивуд од нејзиниот пробив во франшизата Transformers.