МЕГА ЗАСИЛУВАЊЕ ДОАЃА КАЈ РОНАЛДО: Ал Наср подготви уште една „БОМБА“

Преговорите се во тек.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Антоан Гризман би можел да ја продолжи играчката кариера во Ал Наср, пренесува Futmercato.    

Менаџерите на францускиот фудбалер во Лондон се сретнаа со претставници на клубот од Саудиска Арабија за кој настапува Кристијано Роналдо. Гризман има договор со Атлетико до 30 јуни следната година, а отштетата за францускиот фудбалер е 25 милиони евра.    

Француските медиуми пренесуваат дека Атлетико планира да го продаде Гризман, бидејќи раководството на мадридскиот клуб сака да се ослободи од високата плата на францускиот интернационалец. Тој има годишна плата од 12,5 милиони евра во Атлетико. Сепак, Гризман се уште не одлучил каде ќе ја продолжи играчката кариера.    

Покрај за Атлетико, Гризман (32) настапуваше и за Барселона и Сосиедад. Минатата сезона одигра 48 натпревари и постигна 16 гола со 17 асистенции.