Претседателот на ФК Барселона, Жоан Лапорта е во конфликт со челниците на Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација.
Причината е неможноста да се регистрираат Дани Олмо и Пау Торес.
На Барса и’ остана една надеж за жалба, што и ja направија, а конечната одлука ќе биде донесена откако жалбата ќе биде разгледана во рок од три месеци, до кога Олмо и Виктор нема да можат да играат.
Лапорта не може да се помири со оваа одлука, а на шпанскиот Суперкуп по натпреварот со Билбао им кажа што мисли.
„К****** синови“, „Кукавици“, „Плашливци“, им довикува Лапорта на челниците на Шпанската фудбалска федерација.
Останува да се види дали се очекува Лапорта да се соочи со некакви санкции…