Медведев брутално искрен – Русинот призна: “Јас сум за мир, жал ми е за Украинците!“

Данил Медведев ќе игра против американскиот тенисер Френсис Тиафо за пласман во финалето на Мастерс турнирот во Индијан Велс. По натпреварот со Алехандро Давидович-Фокин, тој зборуваше и за работи кои немаат врска со спортот.

Од Русинот по барање на новинарите беше побарано да ја коментира руската инвазија на Украина, која трае повеќе од една година.

Многу ми е жал за украинските играчи и се што се случува. Истото го кажувам од почеток. Јас сум за мир во светот и против секаков вид војна“, изјавил искрено Медведев.

Данил моментално е петтопласиран во светот, а оваа година веќе освои три титули. Моментално е во серија од 18 победи.

војнаДанил МедведевРусијаспорттенисУкраина