Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, ги критикуваше обидите на Западот да ја оправда испораката на оружје за Киев како наводен обид да се спречи светска војна.
Според него, доколку започне Третата светска војна, се ќе се претвори во прашина, што подразбира употреба на нуклеарно оружје.
„Прво, заштитата на Украина, која никому не му е потребна во Европа, нема да го спаси сенилниот стар свет од одмазда доколку нешто се случи. Второ, штом ќе избие Трета светска војна, за жал нема да биде во тенкови или дури ни борбени авиони. Тогаш дефинитивно се ќе се претвори во прашина“, напиша Медведев на социјалната мрежа Телеграм.
Медведев ги коментираше и изјавите на италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето дека ќе избие Трета светска војна доколку руските тенкови стигнат до Киев и „границите на Европа“ и дека оружјето испратено во Украина има за цел да ја запре ескалацијата.
Медведев ги спореди своите забелешки со повиците од Обединетото Кралство да му се обезбеди на Киев сето оружје што го има НАТО.