Вучиќ тргна против легендата на југословенскиот фудбал – Хајка против Драган Стојковиќ – Синот на Пикси дал 2.000 за сендвич, Марко се бахател со парите на татко му!? (ФОТО)

Младиот Стојковиќ објави слика на својот Инстаграм профил, која предизвика вистинска лавина од коментари.

Наследникот на селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси, Марко Стојковиќ, важи за некој кој живее на висока нога. 

Марко не штеди пари кога е во прашање патувањето и често посетува луксузни дестинации, а за тоа говорат неговите слики на Инстаграм. 

Наследникот на Пикси е повеќе од активен на споменатата социјална мрежа, а неговата последна објава предизвика вистинска бура. Имено, тој го фотографирал менито на еден ќебап ресторан, а на споменатата фотографија можеме да видиме дека еден сендвич чини повеќе од 2.000 денари. 

 

Поради оваа слика на „Икс“ започна вистинска полемика. Додека едни сметаат дека е нереално да се потроши толкава сума на сендвич, други го бранат велејќи дека можеби не ги „фрлил“ парите, туку дека само лежерно го сликал менито. „Дали е реално да се плаќа 35 евра за сендвич“, „Не значи дека го купил ако го сликал“, „Кој има тој дава“ , се само дел од коментарите на синот на сметката на Пикси.