Адвокатот Мешар Селимај изјави дека Аурона Пелај, која е осомничена дека физички ја нападнала 70-годишната Минире Нура во домот за стари лица во Пеќ, можеби побегнала во Германија.
Во петокот во интервју за Еуроњуз Албанија, Селимај, кој е адвокат на семејството на постарата жена, нагласи дека обвинителството сè уште нема поднесено обвинение против неа.
„Со информациите што ги имам, Аурона Пелај може да се најде во Германија. Ова се зборува последниве денови. Обвинителството се уште не ги завршило истрагите. Обвинителството се уште не го поднело обвинителниот акт во судот и судот се уште немал можност да го покани Пелајн. Тој мора да се појави со поканата, а доколку не се појави се преземаат мерки за распишување потерница“, рече тој.
Врховниот суд на Косово одлучи да им го укине притворот на трите медицински сестри кои беа уапсени во врска со физичкиот напад врз постара жена, во домот за стари лица во Пеќ, на почетокот на ноември минатата година.