МЕДОТ И ЦИМЕТ СЕ ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА: ИМУНИТЕТОТ се зајакнува, а настинката исчезнува за еден час

Доколку и вас ве „закачи“ сезонска настинка, искористете две природни состојки и победете ја настинката за кратко време. Корисните ефекти на медот се добро познати на сите, додека циметот се смета за еден од најздравите зачини. Кога ќе ги комбинирате, ќе добиете здрав напиток кој многу ќе ви помогне во сезоната на вируси.

Се верува дека овој природен напиток помага за зајакнување на имунитетот, хроничната кашлица, замор и ги чисти синусите. Познато е дека медот е активатор на имунолошкиот систем, дека има антианемични и антисклеротични својства. Благодарение на неговиот хемиски состав, влијае на формирањето на крвните елементи и на црвените и на белите крвни зрнца. Од друга страна, циметот е богат со антиоксиданси и други корисни соединенија, а истражувањата покажуваат дека може да помогне во контролата на шеќерот во крвта, да штити од срцеви заболувања и да го намали воспалението.

Еве како да подготвите напиток од мед и цимет:

 Во 1 dl млака вода измешајте лажица мед и две лажички цимет во прав. Мешајте додека не се раствори медот. Ако сакате, можете да измешате само мед и цимет, без вода.