Мексиканецот Мигел Фарел создаде програма за зачувување пораки и последни желби, коишто корисникот би сакал да ги сподели со најблиските по својата смрт.
Апликацијата наречена „Past Post“ (Објава од минатото), „му овозможува на корисникот да остави пораки што ќе се употребат по неговата смрт“, според претприемачот Фарел. Како пример, тој наведе дека таткото може да сними честитки до неговите деца коишто тие ќе ги слушнат години подоцна, кога ќе дипломираат, доколку тој почине во меѓувреме.
Апликацијата ги складира видеата со НФТ-сертиификат за автентичност, поврзан со друга датотека што може да биде слика, текст или парче музика, којашто потоа не може да се копира или менува.
Меѓутоа, програмерот предупреди дека апликацијата не може да биде замена за вистински тестамент бидејќи за тоа, законите бараат заверен документ.
– Документот создаден од апликацијата нема никаква правна вредност, но има многу важна симболичка вредност, додаде Фарел.
„Past Post“ чини 19 долари годишно, а може да се користи и за снимање на насоки и упатства за сопствениот погреб или други секојдневни работи – банкарски сметки и лозинки на интернет-профили.