Мексиканско топло чоколадо по рецепт на познатиот готвач е сонот од соништата: Идеално за ладни и дождливи денови

Ина Гартен е автор на десет успешни книги за готвење, а од 2002 година водител на готварската емисија „Босонога Контеса“ на Food Network. Веруваме дека во својата богата кариера пробала многу рецепти за топло чоколадо, но сепак омилен и е оној со темно чоколадо и кајен пипер. А еве како се подготвува.

Состојките во оваа мерка за топло чоколадо се за две лица, а подготовката трае само 5 минути, па затоа ви предлагаме да се развеселите и загреете со шолја топло чоколадо на Ина.

Потребно ви е:

– 500 мл млеко

– 1 лажица кафеав шеќер

– 150 гр темно чоколадо

– ½ лажичка екстракт од ванила

– прстофат цимет во прав

– прстофат зачин од суви пипетки

– 2 стапчиња цимет

Подготовка:

Загрејте ги млекото и шеќерот на тивок оган. Потоа тргнете го од оган и додадете ги чоколадните парчиња, ванилата, циметот и пипер во прав. Почекајте две минути, промешајте, па вратете го на оган и почекајте да зоврие. Веднаш штом ќе зоврие тргнете го од оган, истурете во чаши и послужете со стапчиња цимет.