Ина Гартен е автор на десет успешни книги за готвење, а од 2002 година водител на готварската емисија „Босонога Контеса“ на Food Network. Веруваме дека во својата богата кариера пробала многу рецепти за топла чоколада, но сепак омилен и е оној со темно чоколадо и кајен пипер. А еве како се подготвува.
Состојките во оваа мерка за топло чоколадо се за две лица, а подготовката трае само 5 минути
Мексиканско топло чоколадо
Неопходно е:
500 мл млеко
– 1 кафена лажичка кафеав шеќер
– 150 гр темно чоколадо
– ½ лажичка екстракт од ванила
– прстофат цимет во прав
– прстофат кајен пипер
– 2 стапчиња цимет
Подготовка:
Загрејте ги млекото и шеќерот на тивок оган. Тргнете го од оган и додајте ги чоколадните парчиња, ванилата, циметот и кајенот во прав. Почекајте две минути, промешајте, па вратете го на оган и почекајте да зоврие. Веднаш штом ќе зоврие тргнете го од оган, истурете во чаши и послужете со стапчиња цимет.