Меланија Трамп му се придружи на претседателот Трамп на потпишувањето на Законот за отстранување во понеделник и ги воодушеви сите присутни.
Меланија Трамп се појави заедно со својот сопруг Доналд Трамп на настан во Белата куќа и доби многу комплименти со шармантното издание.
Раскошното издание на Меланија Трамп
Првата дама носеше сив двореден ансамбл , кој се состоеше од јакна со рамен крој и здолниште што достигнуваше веднаш под колената. Детаљот на кој сите гледаа беа нејзините лакирани бордо чевли, со екстремно висока потпетица, кои ги искомбинираше совршено.
Комбинацијата од Прада не е нова, Меланија ја носеше минатата година за фотосесија за европско списание и на друг настан кој не беше отворен за печатот, според нејзиниот стилист Ерв Пјер.
Иако со месеци се шпекулираше за вистинската состојба на бракот на претседателската двојка, Трампови изгледаа позаљубени од кога било. Кога стигнаа до сепареата, се држеа за раце, а беше снимен и интимен момент меѓу нив, кога Меланија го бакна во образ.
Убавата Словенка се појави по втор пат јавно со својот сопруг по погребот на папата во Ватикан, кога нејзините фотографии го обиколија светот. Многумина коментираат дека таа е се поубава и поубава секој пат, а нејзиниот стил сам по себе зборува зошто се смета за модна икона.