Меланија Трамп пристигна со својот сопруг Доналд во замокот Виндзор, каде што беа пречекани од принцот и принцезата од Велс, а за оваа пригода таа се одлучи за необична модна изјава.
Имено, по пристигнувањето, Доналд и Меланија беа пречекани од кралот Чарлс и кралицата Камила, со што започна државен протокол исполнет со церемонии.
Melania Trump exudes elegance as she arrives to meet the Royal family in the UK https://t.co/6Wyzrq7NSV via https://t.co/ft5Jcq2hOb
— Jim Polk 🇺🇸 (@JimPolk) September 17, 2025
За оваа пригода, Меланија се одлучи за темно син костум со струк кој ја истакнуваше нејзината фигура. Комбинацијата ја надополни со виолетова шапка која ја покриваше половина од нејзиното лице, па при движење во одредени моменти изгледаше како да не може да види во која насока оди.
Покрај тоа, Меланија избра едноставни обетки и прстен, како и елегантни црни потпетици.
Нејзината шапка предизвика мешани реакции, како што беше и во јануари оваа година кога се појави со слична шапка што речиси целосно ѝ ги покриваше очите.
Очигледно не гледа добро. Зошто ја носи оваа шапка?“, „Моден додаток што ѝ го криеше половина од лицето“, „Сосема во ред моден избор“, беа само дел од коментарите.