Меланија Трамп ја предвиде иднината: Пред 26 години, таа предвиде што ја чека – светот беше шокиран од нејзините зборови

Меланија Трамп ја предвиде својата судбина на само 26 години, кога во едно интервју изјави дека може да се види себеси како прва дама.

На само 26 години и со статус на словенечки супермодел, во интервју за ABC News таа одговори на прашање кое во тоа време изгледаше речиси нереално: дали може да се замисли себеси како прва дама ?

Нејзината реакција беше едноставна, но решителна.

– Би била многу традиционална, како Џеки Кенеди или Бети Форд –  рекла тогаш таа, додавајќи дека ќе се посвети на хуманитарни цели, како што е фондацијата „Make-A-Wish“. 

Врска под рефлекторите

Во тоа време, Меланија беше во врска со Доналд Трамп, тогашен 53-годишен њујоршки магнат за недвижности познат по својот екстравагантен начин на живот. Тие се запознаа една година претходно, на забава за време на Неделата на модата во Њујорк, а нивната романса брзо стана мета на насловните страници на таблоидите, пишува „Ајриш стар“ .

Доналд и Меланија Трамп

Имаше и такви кои тврдеа дека Меланија ја привлекува луксузот, но таа веднаш ги отфрли тие шпекулации.

– Луѓето што зборуваат така не ме познаваат. Не можеш да спиеш, да се прегрнеш или да разговараш со други луѓе. Убав стан, убав авион, убав автомобил… сето тоа може да изгледа одлично, но остава чувство на празнина – изјави таа за ABC во тоа време.

Пророчки тон

Меланија не зборуваше само за улогата на прва дама – таа зборуваше и за амбициите на Доналд.

– Тој е многу паметен. Знае како да води бизнис. Би бил одличен лидер –  рече таа тогаш, јасно посочувајќи дека верува дека еден ден би можел да биде претседател.

Меланија и Доналд Трамп

Кога тоа всушност се случи, во 2015 година, шеснаесет години подоцна, Меланија остана смирена.

– Долг е патот. Одам ден по ден. Мојот сопруг има многу луѓе кои го поддржуваат. Ќе видиме – објасни Меланија за People. 

Од модел до прва дама

Патот од Меланија Кневс до Меланија Трамп беше долг и внимателно изграден. Двојката почна да живее заедно во 2002 година, во Трамп Тауер. Се свршија во 2004 година и се венчаа во јануари 2005 година на раскошна церемонија во Мар-а-Лаго.

Меѓу гостите беше и Хилари Клинтон, жената која, повеќе од една деценија подоцна, ќе стане противничка на Доналд во претседателската трка.