Меланија ја наследи убавината од неа! Погледнете ја неверојатната сличност, како да се копирани

Амалија Кнавс, мајката на Меланија Трамп, беше жена со хипнотизирачка убавина која и беше пренесена на нејзината ќерка, а сличноста меѓу двете е непобитна. Од хипнотизирачки очи до суптилна елеганција, Меланија наследи сè што нејзината мајка носеше со себе низ животот.

Амалија Кнавс, мајката на поранешната прва дама Меланија Трамп, беше жена со природна убавина, која како одминува времето се појасно се гледа кај нејзината ќерка. Гледајќи ги заедно, многумина забележуваат неверојатна сличност меѓу Амалија и Меланија – од експресивните очи до фината елеганција што и на двете им дава посебен шарм.

Убавината на Амалија беше комбинација од едноставност и природен, недооценен стил!

Таа почина на 78 години оваа година во јануари, а специфичните црти на лицето и убавата насмевка се нешто што Меланија дефинитивно го наследи од неа. 

Амалија е родена во 1945 година во Австрија, но со семејството се преселила во Словенија, каде што го поминала најголемиот дел од својот живот. Работела како шивачка во фабрика за детска облека и секојдневно придонесувала за семејството со својот труд.

И покрај нејзината скромна работа, Амалија беше позната по своето внимание на деталите и изработката, а често правеше облека за нејзините две ќерки Инес и Мелани, внимавајќи секој шев и ткаенина да бидат совршени. Тој дух на посветеност и љубов кон работата го пренесе и на Меланија, која подоцна се прослави во модниот свет.

Амалија и нејзиниот сопруг Виктор, кој работел како шофер, а потоа и како продавач на автомобили, го оствариле сонот да живеат во Америка во 2018 година, благодарение на помошта на Меланија во процесот на стекнување американско државјанство. Со тоа завршија едно поглавје од својот живот, но зад себе оставија приказна за посветеност, скромност и убавина која продолжува да живее преку нивната ќерка.