Доналд Трамп е избран за 47. претседател на САД, што ќе биде негов втор мандат. Поминаа точно осум години од неговата прва инаугурација, а медиумите не престануваат да ја споредуваат средбата на Меланија Трамп со поранешните дами на Белата куќа – Мишел Обама и Џил Бајден.
Како што многумина забележаа, разликата помеѓу овие две средби е повеќе од очигледна. Имено,
првото нешто што им падна во очи на многумина е тоа што Меланија годинава не и’ подари подарок на поранешната прва дама Џил Бајден, за разлика од последната инаугурација на Трамп кога тоа го направи при средбата со Мишел Обама.
Освен подароците, многумина забележаа дека таа, за разлика од Мишел, не ја ни бакна госпоѓата Бајден, а побогу не се ни фотографираше. И додека многумина коментираат дека причина за тоа се огромните скандалозни наслови кои кружеа во 2017 година поради доделувањето подароци на Мишел Обама, некои мислат дека се работи за нешто сосема друго, потсетувајќи дека Меланија неодамна одби да се сретне со Бајден.
Да потсетиме, инаугурацијата на Доналд Трамп започна со церемонија на утринската богослужба во црквата Сент Џон, каде што тој се појави заедно со сопругата Меланија, синот Барон и остатокот од семејството само неколку часа пред положувањето на заклетвата, а веднаш потоа се упатија кон Белата куќа.
Откако пристигнаа и ги поздравија поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, следеше церемонија на која новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп положи заклетва. По влегувањето во Ротонда, Трамп очекувано доби аплауз.
Потоа имаше една симпатична ситуација со неговата поубава половина, Меланија, кога по заклетвата не можеше да ја бакне поради широкиот раб на нејзината капа, па и’ испрати бакнеж „во воздух“, кој беше придружуван со слатки насмевки од неговата драга Меланија и останатите присутни.